Bye, Bye Honda, welcome Brexit!

Bye, Bye Honda, welcome Brexit!

Осамостојувањето на Велика Британија од Европската Унија ја зеде првата автомобилска жртва

Објавено на 19 февруари 2019 година

Honda ја затвора својата фабрика во Свиндон. Официјално причините се глобалните трендови и консолидирањето на производството во Јапонија, но никој не верува во тоа. Најмалку три илјади и петстотините вработени, кои веќе 34 години го заработуваат своето парче леб правејќи јапонски автомобили среде Англија. Според некои информации, во оваа фабрика Honda има вложено близу две милијарди фунти. На времето таму се произведуваа и по 230 илјади возила годишно, а сега оваа бројка е за третина помала. Но затоа 90 отсто од нив се продаваат во земјите од Европската Унија.

Во соопштението на Honda се наведува дека планираниот термин за прекинување на активностите во Свиндон е 2021 година. Во неа сега се произведува хечбек верзијата на Civic, и тоа за цел свет. Според Јапонците, истовремено ќе биде засегната и фабриката во Турција, која од истиот термин ќе го загуби производството на седан верзијата на Civic. Од Honda уште споменуваат и дека компанијата ќе се посвети на електричните возила, што треба да биде уште една причина за затворањето на фабриката во Англија и форсирањето на јапонското производство. Пред некое време и Nissan донесе одлука да го пресели производството на X-Trail од Велика Британија, не наведувајќи дали тоа е прв чекор кон затворањето на фабриката во Сандерленд. Загриженост за последиците од Брегзит гласно имаат изговорено уште и одговорните на Toyota, Jaguar Land Rover и Ford. Во Велика Британија годишно се произведуваат околу 1,5 милиони автомобили.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER