Yangwang сака да го руши луксузот?
Тешко е да се поверува, но Кинезите веќе направија нов луксузен бренд!
Кинеската автомобилска групација BYD ги лансира првите два модели на својот ново формиран луксузен бренд Yangwang. Се работи за големо спортско корисно возило S8 и суперспортскиот автомобил S9, и двата по цена од околу 140.000 евра, со најава дека во нив ќе користи само врвна технологија. Двете возила се поставени на иста платформа, наречена e4 поради четирите електрични мотори. Тие треба да обезбедат својства што треба да бидат супериорни во однос на оние на класичните модели со мотори на внатрешно согорување.
Електрониката може да реагира побрзо и поконкретно, нагласи претседателот на BYD, Ванг Чуанфу, на претставувањето на двата модели во Шенжен, Кина. Четирите мотори постигнуваат 20.500 вртежи во минута и комбинирана моќност од околу 810 kW (1100 КС). Кај суперспортскиот автомобил S9, ова треба да обезбеди забрзување од 0 до 100 км/ч за две секунди. BYD планира да воспостави специјална дистрибутивна мрежа за брендот Yangwang. Така, брендот ќе се издвојува од останатите кинески премиум брендови и ќе може побрзо да реагира на желбите на пазарите благодарение на неговата независен настап. Останува да се види кога и по која цена ќе се појави во Европа.

