Со пораст од 40 отсто ги победи Honda и Nissan
Уште пред да ја помине Tesla беше јасно дека амбициите на BYD се многу големи. Но тоа што никој не го претпоставуваше е дека толку брзо ќе започнат да се остваруваат. Според најновите извештаи за вториот квартал годинава, кинескиот производител има забележано пораст на продажбата од дури 40 отсто и пласирано скоро милион возила. Со овие бројки тој ги надмина Honda и Nissan и станувајќи седми по големина производител на возила во светот му се приближи на Ford. Покрај растот на домашниот пазар BYD сериозно напредува и во странство – од април до јуни се извезени преку сто илјади возила, односно тројно повеќе од истиот период лани.


