BYD не сака да го освои, туку да го покори светот!
Амбициите веќе се потврдија преку нарачката за нови бродови за превоз на автомобили. Сега ги имаат осум, а договорија купување на уште десет. Испораките се предвидени за наредните три години. Секој од нив треба да има проектиран капацитет за 9.200 автомобили со што BYD ќе располага со флота која ќе може да превезува вкупно 130 илјади возила. Со нивен редовен ангажман BYD ќе биде способен со сопствената флота да извезува два ипол милиони возила годишно што се поклопува со интерните планови за глобална експанзија во наредниот период. Цената на еден ваков брод специјализиран за превоз на возила изнесува околу 140 милиони долари, а нивното изнајмување меѓу 70 и 90 илјади долари на ден. Патувањето од Кина до Европа трае меѓу 30 и 50 дена, плус времето потребно за товарење и истоварување на возилата.


