Најголем во светот
Кинескиот BYD го претстави најголемиот електричен автобус во светот
Објавено на 5 април 2019 година
Со намера да ги електрифицира во светот популарните системи за брз транспорт на патници, кинескиот производител BYD го лансираше електричниот автобус K12A, кој со својата должина од 27 метри е најголем во светот. Заради двозглобната конструкција изгледа како гигантска гасеница, но тоа му овозможи да има погон на две оски, кој во зависност од условите на патот може да се исклучи. Спецификациите за електромоторите и батериите не се објавени, но е нагласено дека тие му овозможуваат максимална брзина од 70 km/h и автономија од скоро 300 km. Може да собере 250 луѓе, бројка за која е заслужна алуминиумската конструкција со која е намалена тежината. BYD K12 A првите свои километри ќе ги помине во Колумбија.