BYD – Гарантира за „Божјото око“

Компанијата целосно ќе ги покрива евентуалните  штети на возилата што се настанати од системот за асистенција на возачот

BYD разви сопствен систем за асисстенција на возачите кој покрива повеќе сегменти за автономно возење. За функцијата Urban Navigate on Autopilot на својот систем за помош на возачот „Божјо око“ за купувачите во Кина, компанијата превзема целосна одговорност и ќе ги покрие сите материјални штети настанати поради пропуст на системот. Со оваа нова понуда BYD стана првиот светски производител на автомобили што нуди таква гаранција за своите напредни системи за помош при возење (ADAS).

Едногодишната гаранција за целосно покривање на штета се однесува на нови купувачи и постоeчки сопственици кои своите возила ги имаат надградено на God’s Eye 5.0 на кинескиот пазар. Политиката наведува дека ако се случи сообраќајна несреќа со правна одговорност додека корисникот ја користи функцијата Urban NOA во согласност со прописите, BYD директно ќе ги покрие сите економски загуби што произлегуваат од тоа. Довербата за да се направи оваа водечка посветеност во индустријата се потпира на три основни столба.

Првиот е неговиот масивен обем, со флота од над 3,15 милиони возила за интелигентна помош при возење на патот, најголемата меѓу кинеските производители на автомобили, што обезбедува неспоредлива основа на податоци од реалниот свет за континуирано итерирање. Вториот се изобилството на податоци генерирани од „Божјото око“, со над 180 милиони километри евидентирани дневно, што обезбедува брзо алгоритамско учење и подобрување. Третиот столб е посветен тим за истражување и развој од 5.000 инженери, најголемиот во автомобилската индустрија на Кина, кој ја напојува одржливата технолошка иновација на компанијата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER