BYD – Во пресрет на инвазијата на Европа

Атрактивни, но не евтини!

После успешната инвазија на Норвешка како пилот-пазар, кинескиот BYD е подготвен за освојување и на остатокот на Европа. За почеток како први земји во кои ќе се продаваат електричните возила на марката се избрани уште Шведска, Данска, Холандија, Белгија, Луксембург и Германија, на кои подоцна ќе им се придружат Франција и Велика Британија. Засега не е познато кога ќе се стартува и на другите европски пазари, но сигурно нема многу да се чека.

Овој колос на кинеската автомобилска индустрија своите надежи за конкурентниот европски пазар ги полага во три модела – два кросовери и една лимузина. Подготвеноста за нивно комерцијално лансирање ја изразија со објавувањето на референтните цени за Германија, кои нималку не се скромни. Во BYD силно нагласуваат дека возилата се развиени имајќи ги предвид европските купувачи, на кои за да се искорени било каква недоверба им се нуди осумгодишна гаранција за батериите.

Понудата ја предвои компактниот Atto 3 кој се одликува со Dragon Face дизајнерскиот јазик. Има 204 коњски сили и батерии кои ќе му овозможат поминување на 420 километри, а ќе чини 38 илјади евра. Неговиот постар и поголем брат Tang со кој започна освојувањето на Норвешка има седум седишта, по еден електромотор за секоја оска со вкупно 516 коњи и автономија од 400 километри, а ќе чини дури 72 илјади евра.

Идентична сума треба да се издвои и за елегантната лимузина Han, која го има истиот погонски систем но со едно полнење може да помине 520 километри. Кинезите не објавија колкави им се амбициите за продажбата.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER