BYD – Походот на Австралија започнува

Првите 1.000 електрични Atto 3 искрцани

Во Кина познат како Yuan Plus, е првиот модел на BYD изграден за глобалниот пазар. Од неговото лансирање во февруари за кинескиот пазар започна и предпродажбата во Австралија под името Atto 3.

Компанијата испорача 1.000 возила Atto 3 во Австралија и со тоа BYD придонесува светот да стане позелено и почисто место. Две изведби на Atto 3 ќе влезат на австралискиот пазар со официјална цена од 44.990 до 47.990 австралиски долари (околу 32.350 до 34.500 евра) соопшти компанијата. За потсетување, BYD Yuan Plus сега е достапен во пет верзии во Кина. Моделот е компактно спортско-корисно возило со должина од 4.455 мм и меѓуоскино растојание од 2.720 мм. BYD го лансираше Yuan Plus во Кина со комбиниран опсег од 430 за верзијата со батерии од 49,92 kWh и 510 километри за верзијата со батерии од 60,48 kWh.

На крајот на минатиот месец Atto 3 доби одобрение од австралиските власти отворајќи го патот за неговото официјално локално лансирање. Но, не е само Австралија целта на BYD. На 9 јули Yuan Plus е лансиран во Сингапур под истото име, а две недели подоцна BYD го објави својот официјален влез на пазарот на патнички автомобили во Јапонија и претстави три БЕВ, BYD Seal, Dolphin и Atto 3. Во исто време Atto 3 е официјално лансиран во Костарика, но со кинеското име Yuan Plus EV.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER