Не е сé во цилиндрите и коњските сили – Bugatti Tourbillon е вистинско уметничко дело доведено до совршенство во секој детаљ!
На кое ниво се размислувало при неговото креирање сведочи и инструмент таблата која е создадена заеднички со швајцарската компанија Concepto, специјализирана за висококомплексни механички механизми.
Аналогна во целост, таа се базира на часовничарска конструкција од почетокот на 19-ти век која ги намалува отстапувањата во работата предизвикани од гравитацијата.
Впрочем според неа и хиперавтомобилот го има добиено името Tourbillon. Неговата инструмент табла се состои од околу 650 поединечни делови кои се произведуваат рачно со примена на класични техники и традиционална завршна обработка.
Посебен предизвик претставува поврзувањето на механичките склопови со електронските компоненти – печатените кола, сензорите и ЛЕД елементите.
За овој процес стандардните часовничарски алати се покажаа неадекватни заради што се развиени прилагодени производни методи.
Конструктивно инструмент табла е осмислена како централен елемент на ентериерот – обрачот на управувачот ротира околу неа така што таа останува видлива цело време.
Како што рековме, вистинско уметничко дело доведено до совршенство.


