Bugatti полека ја затвора ерата на W16 моторите со последните примероци на Mistral кои како што доликува се уметнички дела на тркала.
Изведбата Fly Bug е настаната по посебна желба на еден колекционер од Америка со инспирација од светот на природата, конкретно со вилинското коњче.
Дизајнерскиот тим на Bugatti со вешта преобразба на боите и материјалите ја има пренесено неговата безвременска елеганција во духот на марката на начин кој предизвикува длабоко почитување. Уникатноста на креацијата се огледува од секој детаљ на завршната обработка и во внатрешноста која ги следи аспектите на ентериерот.
Ништо помалку впечатлива е и Caroline изведбата на Mistral која со помош на цветните дезени прераснува во ремек-дело на најпрефинетите автомобилски облици. Комбинацијата на бои дава уникатна грациозност постигната со прецизна интерпретација на оживувањето на идејата на нарачателот на овој автомобил.
Самиот поглед предизвикува нежни емоции кои познавачите на флората во мислите ќе ги однесат на полињата на лаванда во Прованса и внимателно украсените париски градини. Поетски прецизно е обработен и La Perle Rare чие богатство на елементи и начин на кој интерпретирани низ бојата и материјалите се преплетуваат во единствениот негов идентитет создаваат илузија на движење дури и кога стои.
Колку чини вложениот труд за да се постигне тоа не е познато но секако е блиску е до осумцифрена бројка. Важно е само дека пред креативноста нема граници.


