Bugatti Chiron Profilee – Најскапо продаден нов автомобил

Новиот рекорд изнесува 9.792.500 евра!

На закажаната аукција во париската филијала на Сотбис продаден е последниот Chiron со W16 мотор. Очекувањата дека сумата ќе достигне вртоглава вредност се исполнети. Наставката Profilée кажува дека е уникатен во семејството Chiron, чиј мотор од 1.500 коњи има однос на менувачот за 15 проценти пократок од Chiron Sport3. Profilée има и дополнителни промени кои го прават еден и единствен.

Токму поради тоа на наддавањето се продаде за неполни десет милиони евра, поточно за 9,792,500. Кога на оваа сума ќе се додаде данокот се добива сума поголема од 12 милиони евра. Сопственикот сакаше да остане анонимен и е задоволен што успеа да стане сопственик на Bugatti Chiron Profilee. Како и да не биде?! Задоволството е поголемо ако се земе во предвид дека во на пазарот на употребувани возила Bugatti Divo веќе се продава за 12,3 милиони евра, а за една година, според добрите познавачи на приликите Bugatti Chiron Profilee може да достигне вредност од 15 милиони евра. Инаку што туку продадениот Profilee е последниот, 501-ви примерок, на Bugatti Chiron произведен во 500 примероци, а ја носи ознаката 1/1 што практично означува дека е уникат.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER