Bugatti Centodieci – Првиот од десет

Скапоцен дијамант за колекционерите

Оживувањето на спомените во светот на хипер автомобилите оди рака под рака со ограничена серија и астрономска цена. Тоа најдобро го знае Bugatti кој започна да го реализира проектот Centodieci како омаж на легендарниот EB110 кој беше претставен во 1991 година по повод 110-тиот роденден на Еторе Бугати. Интересно е што првиот Centodieci е испорачан на купувач кој веќе во својата колекција има ЕВ110. Новиот дијамант ја има истата боја „Bugatti Bleu“ која е симбол на компанијата и моделот EB110. Bugatti исто така беше инспириран од претходникот за внатрешноста. Ватирана, карирана шема позната од EB110 може да се најде во Centodieci на седиштата, наслонот, панелите на вратите, централната конзола и патосниците. Производството на ентериерот трае околу 16 недели. Опремен со 8,0 литарскиот W16 мотор со 1600 КС, Centodieci забрзува од 0 до 100 km/h за 2,4 секунди и има максимална брзина од 380 km/h. Официјално не се соопштува цената на Centodieci. Фактот дека три децении стариот модел ЕВ110 на аукции постигнува цена помеѓу 1,8 до 2,1 милиони долари може да ја оправда сумата од осум милиони евра на лимитираниот модел на десет примероци, кои патем речено, се продадени дента кога беше најавен проектот во 2019 година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER