Bugatti Bolide – Заврши ерата на W16

Bugatti го произведе последниот Bolide со што заврши една ера во која главната улога ја имаше осумлитарскиот W16 агрегат.

Развиен за Veyron тој и после две децении претставува врвно инженерско остварување кое заминува во пензија со неверојатни 1.850 коњски сили.

Произведени се вкупно 40 примероци на Bolide кој како автомобил претставува доказ што може да се постигне кога наследството ги води иновациите, а стремежот кон совршенството е единствен прифатлив стандард.

Има шасија од јагленородни влакна и тежи само 1.240 килограми. Перформансите му се на ранг на формула 1 а декларираната максимална брзина му изнесува 380 километри на час.

Неофицијално пак се споменува дека е способен за преку 500, без загрозување на управливоста.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER