По двaесетти пат Brabus го освојува трофејот
Со вкупно 55 проценти од вкупно 94,911 гласа Brabus е јасен победник на титулата Најдобар бренд за 2026 година во категорија на тјунери од страна на читателите на германската ревија Auto Motor und Sport.
Со оваа титула препознаени се константните иновации во областа на инженерингот и дизајнот што го прават специјалистите од најголемата независна компанија во светот за преработка на возила.
Најпознат по спектакуларните преправки на постоечките врвни модели на Mercedes-Benz, Brabus прави рафинирање и индивидуализација на луксузни изведби како Rolls-Royce Cullinan, Bentley Continental GT & GTC и на Lamborghini Urus.
Супер автомобилите и производите со ексклузивни перформанси се дистрибуираат на авторизирани локации во над 100 држави, додека на најважните пазари Brabus располага со сопствени продажни салони.


