Brabus – 800 SUV Coupé

Вести

Надградба на надградбата

Веќе преработениот AMG GLE 63 е основа на  Brabus 800 SUV Coupé

објавено 28. јули 2021

Кога ќе се спомене Brabus првата асоцијација е многу сила и дрско уреден интериер. Не помина ниту еден месец од претставувањето на „теренската ракета“ G 900, на репертоарот се стави нова изведба. Именувана е едноставно, според формата на каросеријата и силата на моторот.

 

Brabus800 SUV Coupé како основа го користи веќе преработениот од AMG Mercedes GLE 63 и му додаде уште „зачини“ за да стане брутало силен. V8 моторот со две турбини сега е набиен на 800 коњи, бележи рамно 1.000 Nm, потребни му се 3,4 секунди од мирување да дојде до 100 км/ч, додека крајната брзина е електронски ограничена на 280 км/ч.

Со бројни карбонски компоненти кои ја подобруваат не само привлечноста, туку и аеродинамиката, атрактивноста на каросеријата ја зголемуваат специјално дизајнирани тркала од 24 инчи кои го надополнуваат и онака ексклузивниот изглед. Трансформацијата не би била целосна доколку во внатрешноста не и е даден посебен изглед по теркот на тјунерската компанија.

За своите купувачи Brabus нуди персонализација на интериерот со голем избор на бои и материјали, но и гаранција во траење од три години или 100.000 поминати километри. Тјунерот тврди дека просечната потрошувачка не преминува 11,5 литри бензин.