Врз основа на Mercedes-AMG G63, Brabus направи две кабрио верзии од чија цена паѓаат веѓите
Одредени само за супер-богатите новите деривати на AMG G63 првично се разликуваат што се кабриолети.
Опремени со сложен мек покрив што се состои од над 500 компоненти. Тоа е зашеметувачка количина, но дводелниот покрив се отвора и затвора за 20 секунди со притискање на копче.
Поради тоа Brabus ја зајакна рамка на шофершајбната и рамка од јаглеродни влакна, што осигурува дека контурата на покривот останува непроменета дури и при големи брзини. Верзијата 800 е опремена со прилагодена задна врата и 24 инчни Monoblock ZM тркала. Моделот има и спортски пружини кои ја варираат висината од 20 до 40 mm.
Надградбите се протегаат и во кабината, бидејќи има прилагоден кожен ентериер со рачка на менувачот од јаглеродни влакна. Исто така, има украси од јаглеродни влакна и многу значки на Brabus.
Што се крие под хаубата? Моќта ја обезбедува 4,0-литарски V8 мотор со двоен турбо подесен да произведува 800 КС и 1.000 Nm вртежен момент.
Поврзан е со деветстепен автоматски менувач и систем за погон на сите четири тркала, што му овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за четири секунди, пред да достигне електронски ограничена максимална брзина од 240 км/ч.
Изведбата 800 XL е слична, но е дизајнирана уште повеќе да ги боде очите. Каросеријата е поставена повисоко од тлото, дури 480 мм. Се тркала на помали, 22 инчни тркала обложени со пневматици за сите терени. Промените влијаат врз перформансите бидејќи спринтот до 100 км/ч трае 4,6 секунди.
Исто така, максималната брзина паѓа на 210 км/ч. Производството ќе биде ограничено на 50 единици од секоја верзија. Цената за 800 започнува од околу 761.500 евра додека изведбата 800 XL, поради екстраваганцијата, стартува од 887.600 евра.
Секако тука не е крајот бидејќи на располагање се многу опции со кои може да се стигне и до седум цифрена сума.


