BMW – Нова генерација цилиндраши

Во време кога повеќето производители кројат планови како најбезболно да преминат на електричните возила, BMW е дециден дека уште може да се извлече од моторите со внатрешно согорување. Тим инженери на германската марка веќе работи на нова генерација бензински и дизел агрегати со четири, шест и осум цилиндри наменети главно за поголемите модели.

Тие во понуда ќе останат и после наредната деценија на пазарите што ќе ги бараат, како што е Кина. Во Европа пак производството на овие мотори нема да се одвива во Германија туку во Австрија и Велика Британија бидејќи главната фабрика во Минхен се трансформира за електрични возила. Истовремено од перформансното М-одделение на баварската компанија е потврдено дека ќе се исфрлат менувачите со двојна спојка, додека мануелните ќе останат уште шест или седум години.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER