BMW XM – Перформанси, екологија и луксуз

Нов погон за ново историски поглавје!

Во годината кога ја прославува својата 50 годишнина од постоењето BMW M GmbH го претстави првиот електрифициран погон со високи перформанси

Кога студијата беше претставена пред речиси една година, побуди многу полемики и револт кај пуританците инфицирани од октаните. Асоцијацијата заа буквата М кај BMW секогаш се поврзуваше со цилиндрите и големата сила. Токму на овие заљубеници на бензинот им го матеше умот и теренската каросерија, но тоа сепак се случи.

Лансирано е првото самостојно развиено спортско активно возило од M GmbH, моделот XM, но поставено на основа на Х7. За да се смират страстите, исто како студијата, се карактеризира со експанзивни, експресивни форми и импресивен V8 мотор. Долг е 511 сантиметри, широк 201 см и висок 176 сантиметри, а испод хаубата се наоѓа 4,4-литарски V8 кој со приклучна хибридизација дава 480 kW (635 КС) и 800 Nm вртежен момент. Ова му овозможува на XM да спринта од 0 до 100 км/ч за само 4,3 секунди и да достигне, електронски ограничени 250 км/ч. Бројките за потрошувачка се подеднакво импресивни како декларираните перформанси. Во официјалниот циклус WLTP во коморите за согорување се вбризгуваат вкупно 1,3 литри гориво, што одговара на емисија на CO2 од 33 грама на километар. Можеби во пракса ќе биде значително повеќе, во зависност од стилот на возење, но на крајот на краиштата не автомобилската индустрија не го смисли циклусот на потрошувачка, туку политиката за да промовира ја електрификација. Индустријата мора тоа да го прифати, но останува искрена и редовно укажува на ограничувањата на технологијата на приклучните хибриди. Едно е сигурно, дури и кога XM лебди тивко во E-режим, невозможно е да не се забележи. Ова е обезбедено со агресивно дизајнираниот преден дел со истакната двојна бубрежна решетка и големи доводи за воздух. Контрастните елементи во златна боја ја нагласуваат каросеријата, која на прв поглед се чини дека е дизајнирана со груби резови, но која, ако внимателно се разгледа, има многу суптилни и изненадувачки елементи. Тука спаѓаат логоата на BMW изгравирани со ласер на левата и десната страна на големото задно стакло што потсетуваат на легендарниот М1 и студијата Турбо од 1972 година. Во браникот, издувниот систем завршува во вертикално поставени двојни цевки лево и десно. 21-инчни тркала се стандардни, опционалните 22- и 23-инчни тркала уште повеќе го нагласуваат спортскиот карактер на XM. Внатрешноста е исто толку необична и експресивна како и надворешноста. Иако XM се наоѓа на меѓуоскиното растојание на X7, тука има само два реда седишта, а задниот простор пренесува вистински салонски карактер.

Материјалите се извонредно квалитетни и обработени а 100 LED диоди обезбедуваат прекрасно осветлување. Управувањето на задната оска и стабилизацијата на тркалата обезбедуваат одлична тракција. Најсовремените инфозабавни и телематски системи обезбедуваат информации и забава, а Hi-fi системот Bowers & Wilkins има моќност до 1500 вати. Новиот BMW XM ќе се произведува во САД. Од фабриката во Спартанбург тој ќе почне да се склопува во декември, а на глобалниот пазар ќе пристигне идната пролет. Најголема продажба се очекува да се оствари во САД, Кина и Средниот исток или т.н. заливските земји.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER