Од Кина, само за Кина
Кинеските купувачи во голема мерка се привилегирани – како и сите други, и BMW ја претстави новата генерација на X3 со продолжено меѓуоскино растојание. Вкупно 110-те милиметри повеќе простор одат за патниците на задните седишта, кои на тој начин подобро ќе го покажат својот општествен статус. Моделот кој за разлика од стандардниот X3 кој доаѓа од САД ќе се произведува локално, во заедничката фабрика со Brilliance. На располагање ќе биде со два дволитарски турбо мотори, со 190 и 258 KS, спарени со осумстепен автоматски менувач и интелигентен погон на сите тркала.
Дизајнот на кинескиот X3 е во голема мера идентичен со глобалниот модел кој премиерно беше покажан пред два месеца. Релативно едноставните надворешни линии и детали се разбиени со невообичаениот дизајн на осветлените бубрези на маската, кои иако големи не се предимензионирани. Во кабината се среќаваат сите нови функционалности како и кај глобалниот модел, вклучувајќи ги и големиот заоблен екран, воланот со рамно дно и лентата за интеракција на контролната табла. Стандардно се испорачуваат и спортски седишта, безжично полнење на телефони и панорамски стаклен покрив со опционално осветлување.




