Третата генерација го донесе електричниот iX1
Три погони, многу технологија и задолжителниот мејкап се ударните точки на новата генерација на баварското компакно спортско-активното возило. На втор поглед станува јасно дека под кожата е направена значајна реконструкција со зголемувањето на меѓуоскиното растојание за 22 мм и протегнување на вкупни 4,5 метри должина. Од тоа профитираа височината и широчината на каросеријата која користи идентична платформа за трите погони. Прогресивната архитектура овозможува флексибилно производство на иста монтажна лента, па трите изведби ќе излегуваат од фабриката во Регенсбург. Новиот Х1 се појавува со изострен дизајн нагласувајќи ги генералните одредби на баварците. Апострофот, како и што се очекуваше, е ставен на спортскиот карактер со посветеност на детаљи. Изгледот на предницата се оформува околу доминантните „бубрези“ поставени над новиот преден браник.
Атлетското растегнување продолжува преку LED светлата и арките на тркалата. Од таму се издигнува контурата на кабината со подобрена аеродинамика, повеќе простор и модуларност во внатрешноста. Таа е опремена со последната, осма, генерација на iDrive со заоблениот екран оформен од информацискиот 10,25 инчен и контролниот дисплеј од 10,7 инчи.
Севкупниот амбиент е доведен на повисоко ниво како и удобноста на задната клупа. Кога ќе дојде на пазарот во октомври, новиот Х1 ќе дебитира со два бензинци и исто толку дизел мотори, а само еден месец подоцна ќе се приклучат надградените верзии со благ хибрид од 48 волти и плагин хибрид. Така обезбедени се 160 kW за бензинецот и 145 kW за дизелот, двата достапни со погон на сите тркала.
Ѕвездата на гамата е потполно електричната верзија iX xDrive30 чии електромотори, поставени по еден на секоја оска, произведуваат 230 kW и 494Nm доволни да го апсолвираат спринтот до стотка за 5,7 секунди. Цената ќе се знае во текот на летните месеци.