BMW вложи 1,5 милијарди евра за новиот Х5

Во ноември ќе биде лансирана петтата генерација на X5.

Она што Баварците го прават е храбро и визионерски.

За петтата генерација на најагилното „спортско активно возило“ на светот, предвидени се варијанти со бензински и дизел мотори, plug-in хибридните модели, а за прв пат ќе биде достапна целосно електрична верзија и погон на водород.

Поради тоа, во својата фабрика во Спартанбург, САД, вложени се 1,5 милијарди евра за да се модернизира и оптимизира производството. За електричниот iX5 60 xDrive BMW ветува автономија до 845 километри и технологија од 800 волти.

Тој испорачува 425 kW и 805 Њутн метри вртежен момент. Бензинските и дизел моторите ќе бидат потпомогнати со електричен умерен хибрид кој ќе додаве еколошки ефект, а воедно ќе ја зголемува силата на моторите на согорување, додека приклучните хибриди ќе имаат завиден дострел со нулта емисија.

iX5 Hydrogen, првиот сериски модел на брендот со погон на горивни ќелии, е закажан за средината на идната година.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER