Новата Серија 5 ја реинтерпретира спортската елеганција на BMW со актуелниот дизајнерски јазик на марката. Нагласениот карактер на најпопуларната деловна лимузина, изборот на погони, динамички својства и богатата сериска опременост ќе бидат адути што на купувачите повторно ќе им заиграат пеперутките во стомакот. За таа цел BMW не се откажа од моторите на согорување и на нив ја додаде целосно електричната верзија на најпопуларната бизнис лимузина.


