BMW Серија 1 – Темелно освежен дизајн и нова филозофија

Серијата 1 означува промена за BMW бидејќи е првиот нов модел што го напушти суфиксот „i“ за бензинските варијанти.

Во последниве години BMW се истакнуваше со контроверзии кај своите нови модели преку радикален, но врвен дизајн. Со оглед дека врз старите темели на  Серија 1 направи детален редизајн, разбирливо е што дизајнерите останаа воздржани.

Новата решетка на ладилникот е суптилна и скромна иако доминира на предницата. Тоа е постигнато со меки линии, а решетките на „бубрезите“ се малку потенки. Задниот дел е исто така доста сменет и вдомува ново стилизирани задни светла, кои не се различни по големина и форма со оние на актуелниот кросовер X2.

Но оние со остро око ќе забележат дека зад ознаката не стои веќе препознатливата буква „i“ која беше препознатлива кај бензинските модели.   Оваа промена ја одразува стратегијата на Баварците да користитат „i“ исклучиво како префикс за имињата на електричните возила.

Што се однесува до димензиите, новата Серија 1 е малку поголема од својот претходник. Должината е за 42 мм и висината е 25 мм зголемена од претходникот.

Внатрешноста ќе биде позната на секој што возел актуелен модел на BMW. Во неа има 10,25 инчна дигитална инструмент табла и 10,7 инчен инфозабавен дисплеј, сместени во еден заоблен панел и нудат поврзување со Apple CarPlay и Android Auto.

BMW исто така елиминираше многу копчиња од таблата со инструменти и централната конзола, избирајќи почист изглед. Сите нови модели од серијата 1 ќе доаѓаат стандардно со внатрешност без кожа и специјална антрацитна ткаенина Arktur.

Задните седишта се преклопуваат во 60:40 или 40:20:40, обезбедувајќи варијабилен капацитет на багажникот од основните 380 до 1.200 литри кога се преклопени. На почеток се нудат два бензинци и исто толку дизели.

120d располага со  дво литарски четири цилиндричен дизел мотор, додека бензинецот 120i е опремен со 1.5 литарски мотор со три цилиндри. И кај двата е инкорпориран 48 волтен благ хибриден систем. Бензинскиот 120i испорачува 168 КС и 280 Nm, додека 120d нуди 161 КС и 400 Nm. Двата модели забрзуваат скоро идентично од 0 до 100 км/ч.

Бензинецот за 7,8 а дизелот за 7,9 секунди. Вториот дизел е 118d кој, исто така, има  дво литарски турбодизел со четири цилиндри, иако е ограничен на 148 КС и 360 Nmи забрзува до стотка за 8,3 секунди. Најсилен во  гамата е M135 xDrive. Наоружан е дво литарски мотор со турбо полнач, испорачува 312 КС/400 Nm, спринтот до стотка го голта за 4,9 секунди и продолжува да забрзува до максимални 250 км/ч. Покрај збогувањето со буквата „i“, Серијата 1 се збогува и со мануелните менувачи.

Сега сите модели доаѓаат стандардно со седумстепен Steptronic менувач со двојна спојка. Купувачите на M135 xDrive можат да го нарачаат со различни М цитати, вклучувајќи ги пакетите M Sport, M Sport Design и M Technology Package. BMW го прошири стандарднот список на автоматизирани системи за возење и паркирање кои вклучуваат предупредување за преден судир, предупредување за напуштање лента, препознавање сообраќајни знаци и асистенција за паркирање и возење во рикверц.

Опционално понунудени се помош за управување и контрола на лента, автоматска помош за ограничување на брзината, активна контрола на патувањето со Stop & Go и професионален асистент за паркирање на 120 и 120d, што значи дека автомобилите може да се паркираат од далечина со помош на паметен телефон. Европската продажба на новата серија 1 ќе започне во октомври кога ќе пристигне и во Македонија.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER