BMW – Работнички права

Share on facebook
Share on google
Share on twitter
Share on linkedin

„Источњаците“ поевтини!

Два аршини во иста компанија ги провоцираат синдикалните реакции

Тешко е за верување но дури ни три децении по паѓањето на берлинскиот ѕид работничките права во источниот и западниот дел на Германија не се изедначени. Причината е во сé уште некомплетираната легислатива која е под надлежност на сојузните покраини, а ниту синдикатите не се еднакво организирани. Нормално, компаниите кои делуваат во поранешниот социјалистички дел на земјата тоа добро го користат и за иста сума пари таму пролетеријатот работи подолго. Тврдејќи дека ја согледале неправдата, од BMW ветија дека ќе стават крај на таквата дискриминација но дури од 2026 година. Според нивното образложените толку време треба за целосно реорганизирање на производството кое мора да биде ускладено со трансформацијата кон електричните технологии. Целиот процес ќе се одвива во три фази за да на крај бројот на работни часови биде намален од сегашните 38 на 35 неделно.

Но со ова ускладување на условите за работа ќе бидат опфатени само вработени во фабриката во Лајпцих отворена уште во 2005 година, вкупно околу 5.300 луѓе. Оние во Ајзенах кои се само околу триста ќе чекаат уште некоја деценија бидејќи според BMW во нивната сојузна покраина важи некои сосема друга законска регулатива за работничките права. Во тромесечниот извештај за работењето во периодот јули-септември 2021, кормиларот на BMW Оливер Ципфе пријави 593.177 продадени возила од брендовите BMW, MINI и Rolls-Royce. Резултатите се поимпресивни доколку се земат бројките на групацијата за претходните девет месеци со забележен раст од 18% во однос на лани или продадени 1.932.224 возила!

 

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 92.00ден
  • еуросупер 98 - 94.00ден
  • еуродизел Д5 - 86.00ден
  • течен нафтен гас - 51.00ден
  • метан - 108.50ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER