BMW – Нови работници во Лајпциг

Хуманоидните роботи ќе склопуваат батерии

Најавени како „Физичка вештачка интелигенција“, роботите ќе бидат распоредени на неколку работни позиции во фабриката во Лајпциг.

Засега во фаза на тестирање, но до крајот на годинава BMW ќе ги користи роботите на AEON за склопување компоненти и високонапонски батерии. Ова не е новост во фабриките на BMW. Претходно во Спартанбург роботот Figure 02 работел во десетчасовни смени пет дена во неделата десет месеци, што помогна во производството на повеќе од 30.000 кросовери X3.

BMW заклучи дека роботот се справил со прецизно отстранување и позиционирање на делови од лим во процесот на заварување, задача што е особено тешка во однос на брзината и точноста, а воедно е и физички исцрпувачка.

Компанијата забележа дека хуманоидите покажуваат потенцијал во монотони, ергономски тешки или безбедносно-критични задачи. Иако секогаш постои страв дека роботите би можеле да ги заменат луѓето, BMW изјави дека целта е да се релаксираат вработените и дополнително да се подобрат условите за работа.

Сепак, компанијата исто така призна дека роботите ја подобруваат конкурентноста на нивното производство.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER