Видео кое на октанските зависници ќе им дојде како мелем
BMW не губеше време и само три дена по претставувањето на М4 СЅ демонстрира за што е способен новиот модел. Купето со високи перформанси со погон на сите четири тркала, го обиколи Нурбургринг – Нордшлајфе за само 7:21,989. Со тоа стана второто најбрзо BMW на легендарната патека долга неполн 21 километар. Од него е побрз само M4 CSL со импресивни 7:15,677, време остварено пред две години. BMW инсталираше неколку камери во кокпитот за да го овековечи овој настан. Погледнете како BMW M4 CS го рине асфалтот на „Зелениот пекол“ со неговите 550 коњи.