BMW – M4 CLS & M1000 RR

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Во слава на перформансите

Перформансното одделение на BMW ја прославува својата 50-та годишнина на четири и на две тркала. M GmbH лансира двата специјални модели со придавката „50 Years M“. Првиот е М4 CSL кој забрзува од 0 до 100 km/h за 3,7 секунди и достигнува 200 km/h за 10,7 секунди. За време на тест-возењата на патеката Нурбургринг Нордшлајфе, М4 CSL го постигна најдоброто време направено од сериски произведуван модел на BMW. Линискиот шестцилиндаш од три литри мобилизира 550 КС и вртежен момент до 650 Nm. Благодарение на употреба на јаглерод, вкупната тежина е сведена на 1.625 килограми. Интересен е податокот дека во однос на  M4 Competition Coupé намалени се 45 килограми со вградување на новите седишта и отстранувањето на задната клупа. Производството на BMW M4 CSL ќе започне од јули во ограничена серија од 1.000 примероци по цена од 165.200 евра. По овие стапки тргна и баварскиот супербајк M 1000 RR сега достапен во „50 Years M“ издание. За него велат дека ќе може да се нарачува само до 30-ти ноември, но бројка не се спомнува. Затоа пак се знае точната цена која со пакетот M-Competition е поставена на 37.560 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER