BMW M2 М xDrive – Агилноста на максимум

Погонот на сите тркала овозможи уште посилни перформанси

Баварците како да не знаат за доста. Високо оценетата М2 поради нејзината агилност и управливост, со најновата еволуција доби М xDrive погон со кого стана уште подинамична.

M xDrive системот за погон на сите тркала за прв пат се вградува во спортскиот компакт. Тој ја распределува моќноста, развиена од шестцилиндерскиот реден мотор од 480 КС со две турбини, помеѓу предната и задната оска според моменталните услови на возењето.

Тука во голема мерка помага активниот М диференцијал, кој го распределува погонот целосно варијабилно помеѓу задните тркала по потреба, максимизирајќи ја тракцијата и испорачувајќи ја динамиката на возење што нормално се поврзува со модел со погон на задните тркала.

Овие подобрени нивоа на тракција повторно ја зголемуваат агилноста, динамичноста и стабилноста на насоката на автомобилот – и дополнително ги подобруваат неговите бројки на забрзување.

Спринтот од мирување до 100 км/ч е за 3,7 секунди, што е за три десетинки побрзо од верзијата со погон само на задните тркала, 200-ката ја лови за 12,8 с и продолжува до максималните 250 км/ч кои се електронски лимитирани.

М дивизијата со M Driver`s Package нуди уште поубедливи перформанси и максимална брзина. Новиот BMW M2 со M xDrive има специјално развиено подесување на подвозјето со голема сигурност во флуктуирачки услови на тракција како што се мраз и снег, како и на патека. Лансирањето на пазарот на BMW M2 со M xDrive ќе се случи кон крајот на летните одмори.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER