Четири мотори за погон на сите тркала
Перформансното одделение на BMW започна со тестирање за трансформација на струја
Пет деценискиот јубилеј на BMW M GmbH се обележува со повеќе перформансни едиции на баварските модели. Прилагодувајќи се на најновите трендови и потреби на пазарот набилданите цилиндри полека, но сигурно, ќе се надополнуваат и заменуваат со електро погон. „Најбрзата буква на светот“ објави дека започнува со тестирања на потполно новиот концепт со кого го отвора следното поглавје во својата трансформација кон електричната мобилност. Првите тест возења на таканареченото концептно тест возило за иновативни системи за управување со погонот и подвозјето се започнати. Оформен е мултидисциплинарен тим на програмери кои сега ги тестираат хардверските и софтверските решенија дизајнирани за идните целосно електрични автомобили со високи перформанси. Концептното тестирање се фокусира на систем за погон на четири тркала кој се состои од четири електрични мотори и интегриран систем за контрола на динамиката на возење, кои заедно обезбедуваат високо ниво на перформанси и искуство. „Електрификацијата отвора сосема нови степени на слобода за да се создаде динамика типична М“, вели Дирк Хакер, раководител на развој во BMW M GmbH. „И веќе можеме да видиме дека можеме да го искористиме овој потенцијал максимално, така што нашите спортски автомобили со високи перформанси ќе продолжат да ја нудат типичната М перформанса и неспоредлива комбинација на динамика, агилност и прецизност во иднина без емисија на штетни гасови“. Чисто електричниот погонски систем е комбиниран со иновативни контролни системи за да се редефинира комбинацијата на динамика, агилност и прецизност што е карактеристична за автомобилите на BMW M со високи перформанси. За таа цел инженерите од BMW M GmbH развија тест возило што ги носи соодветните гени, и во однос на типична М динамика и во областа на електричната мобилност. Врз основа на BMW i4 M50, создадено е купе со чисто електричен погон со измени на каросеријата кои овозможуваат интеграција на четирите електро мотори, на секое тркало посебно. Ваквиот пристап не е ништо ново во концептуалните архитектури кај електричните возила, но Баварците сакаат нивната солуција да биде најдобра. Рано е да се претпоставува кога ќе биде официјализиран овој систем, но повеќе од јасно е дека, доколку е апликативен во компактна каросерија, тогаш лесно ќе биде да се вградува и во поголемите лимузини и спортско-корисни возила.


