Наскоро возилата на BMW ќе може да ја менуваат бојата на каросеријата без да се влезе во фарбара!

Што би било кога автомобилите би биле камелеони и би можеле да ја менуваат бојата според моменталната желба на сопственикот? На тоа прашање одговор даваат баварците кои веќе подолго работат на оваа можност.

Технологијата што BMW ја нарекува E Ink (електронско мастило) за прв пат беше претставена на саемот СЕЅ во Лас Вегас 2022 година на студијата IX Flow

и таа година оваа иновација беше ставена на листата на најдобри иновации на списанието Тајм. После години развој BMW ја унапреди технологијата за боја која се менува. Оваа боја е исполнета со микрокапсули кои можат да се наелектризираат и површините од каросеријата ги претвора  во еден вид екран кој прикажува разни графики.

Иако сé уште со ограничена практична примена, можностите што се насетуваат се големи – не само за прикажување рекламни пораки туку и за праќање разни известувања до останатите учесници во сообраќајот.

Засега сепак сé е сведено на неколку анимации кои имаат за цел да покажат дека BMW е подготвен за сериско производство на бојата со оваа технологија. Официјална потврда кога тоа би било и во кои од моделите ќе биде понудено не се објавени.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER