Шармантната Isetta која BMW ја лансираше во 1955 година е конструирана од италијанската компанија Iso, од која Баварците ја набавија лиценцата за производство. Но тие не се задоволија со обично копирање на оригиналот – го доработија и визуелно и технички, вградувајќи му агрегат од мотоцикл од сопственото производство.