BMW добива нов лидер

Од 14-ти мај 2026 Баварците добиваат нов кормилар и тој е од нашите простори

Со одлука на Надзорниот одбор Д-р Милан Недељковиќ ќе ја преземе улогата на претседател на Управниот одбор на BMW AG од 14 мај 2026 година. По успешното лансирање на Neue Klasse, Недељковиќ ќе го наследи Оливер Ципсе кој по 35 години во BMW заминува во пензија. Надзорниот одбор му изразува искрена благодарност на Оливер Ципсе за неговите извонредни достигнувања за BMW Group. Аргументите со кои Милан Недељковиќ ја заслужи својата позиција се опишани во изјавата на одборот. „Тој убедува со својата стратешка предвидливост, силни вештини за имплементација и претприемачко размислување. Тој се залага за многу фокусирано управување со ресурсите – без разлика дали се финансиски или еколошки. Милан Недељковиќ ги инспирира луѓето со идеи, ги обединува зад заеднички вредности и со тоа ги мотивира да остварат врвни перформанси. Ова е клучен лидерски квалитет за одржување на успешниот курс на BMW Group во ова време на трансформација.“

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER