BMW CE 02 – Електро скутер за почетници

Идната пролет во понуда доаѓа новиот електричен мотоцикл со фокус на најмладите скутерџии

Претставениот СE 02 ќе биде втор електричен скутер во понудата на BMW и  ги засилува позициите на веќе актуелниот СЕ 04. Исто како првенецот и СЕ 02 го одликува дизајнот со кого се одвојува од монотониот облик на толпата скутери. Според приложеното повеќе е наменет за младата популација. Ќе бидат понудени две верзии.

Првата има моќност од 11 kW и со него ќе може да управуваат 16 годишници. Максималната брзина достига 95 км/ч и би требало да има автономија 90 километри. Предвидени се два режими на возење Flow и Surf. Спортскиот режим на возење Flash ќе биде опционално достапен. Најавена е верзија со електромотор силен 3,2 kW која ќе може да постигне 45 км/ч погодна за користење на помлади лица со дозвола за управување со мопед.

Стандардно има полнач од 0,9 kW, а за помоќната верзија е достапен и полнач со моќност на полнење од 1,5 kW. BMW се уште не дава никакви информации за капацитетот на батеријата и можното време на полнење. CE 02 во Германија ќе чини 8500 евра, додека верзијата на мопедот со 3,2 kW би требало да биде илјада поевтина.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER