Идната пролет во понуда доаѓа новиот електричен мотоцикл со фокус на најмладите скутерџии
Претставениот СE 02 ќе биде втор електричен скутер во понудата на BMW и ги засилува позициите на веќе актуелниот СЕ 04. Исто како првенецот и СЕ 02 го одликува дизајнот со кого се одвојува од монотониот облик на толпата скутери. Според приложеното повеќе е наменет за младата популација. Ќе бидат понудени две верзии.
Првата има моќност од 11 kW и со него ќе може да управуваат 16 годишници. Максималната брзина достига 95 км/ч и би требало да има автономија 90 километри. Предвидени се два режими на возење Flow и Surf. Спортскиот режим на возење Flash ќе биде опционално достапен. Најавена е верзија со електромотор силен 3,2 kW која ќе може да постигне 45 км/ч погодна за користење на помлади лица со дозвола за управување со мопед.
Стандардно има полнач од 0,9 kW, а за помоќната верзија е достапен и полнач со моќност на полнење од 1,5 kW. BMW се уште не дава никакви информации за капацитетот на батеријата и можното време на полнење. CE 02 во Германија ќе чини 8500 евра, додека верзијата на мопедот со 3,2 kW би требало да биде илјада поевтина.


