BMW претстави апарат за кафе!

Направен од делови од мотоцикл

Изгледа како боксер мотор, ама место масло од него тече кафе. Настанат како резултат на соработката меѓу BMW Motorrad и специјализираниот производител ECM, овој апарат за кафе наречен Big Coffee Boxer е направен од моторот на R 18 од чија внатрешност се извадени составните компоненти и заменети со апаратурата за подготовка на кафе. Таа комбинира рачен систем со два независни водени круга што овозможува истовремена подготовка на кафе и млечна пена. Опремен е со посебни манометри од обете страни, а го прикажува и времето на подготовката на кафето. Секако, не е евтин – цената му изнесува 7.900 евра а се продава во мрежата на ECM каде за него се нуди специјална мешавина Dallmayr еспресо под назив Italian Vibe чиј мирис наводно одговара на карактерот на овој невообичаен уред. Ќе бидат произведени само 80 примероци.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER