BMW Alpina – Што ќе донесе иднината?

Три години подготовки откако ги презеде правата на марката беа потребни новата ера луксуз и перформанси да добие конкретен облик.

Ексклузивниот дизајнерски концепт јасно го најавува новокреираниот идентитет на баварската субмарка кој ќе биде пренесен на идните сериски модели – Vision BMW Alpina ќе остане само уникат без планирано производство.

Замислен и изведен како спој на престиж и софистицираност, ниската силуета на овој 5,2 метарски автомобил дополнително го нагласува неговиот карактер. Силно се чувствува желбата на неговите креатори да биде врвен модел, нешто што и покрај своите квалитети претходната серија 8 никогаш во целост не успеа да го оствари.

Дизајнерскиот тим ја пронајде инспирацијата во неколку легендарни модели од историјата на BMW. Предниот дел има карактеристичен профил со благ нагиб и реинтерпретирана тридимензионална маска со детали од прочуениот 507 од педесеттите години од минатиот век.

Модерните декоративни линии кријат стилски елементи кои Alpina ги користеше а чистотата на формите дискретно се наметнува да го истакне германскиот инженеринг. Во внатрешноста јасно е видливо потеклото од BMW но атмосферата е значително поексклузивна.

Комбинацијата на темни и светли тонови создава чувство на пространост а посебно внимание привлекува карактеристичната шестстепена линија која ги раздвојува двете зони на ентериерот. Необичен детаљ е централната конзола меѓу задните седишта која крие посебен механизам кој автоматски подигнува чаши за вода.

Технички спецификации нема – потврдено е само дека концептот е задвижуван од V8 агрегат кој создава длабок и богат звук при ниски вртежи. Првиот сериски модел на Alpina ќе се појави идната година, заснован на серијата 7.

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER