BMW 2 Active Tourer – Македонска премиера

Препознатлива сестраност

М-Кар ја претстави новата генерација на BMW 2 Active Tourer

Само еден месец по комерцијалното лансирање, во Македонија пристигна новата генерација на BMW 2 Active Tourer. Дочекан со критики од традиционалните поклоници на марката, овој модел донесе многу новини во понудата и проширување на кругот потенцијални купувачи. За тоа најдобро зборува претставувањето на втората генерација на компактниот кросовер со моноволуменска конотација. На нашиот пазар претходникот помина добро, додека од новитетот М-Кар очекува подеднаков учинок. Задржан е типичниот изглед подржан со функционален простор и еколошки настроени мотори со распон на силата од 136 до 218 коњи. Благите хибриди и дизелот од 150 коњи се опфатени во понудата. Стандардната опрема вклучува контрола на темпото на возење со функција за сопирање и предупредување за пречки пред возилото, чиј опсег на функции сега вклучува и откривање на сообраќај што доаѓа при свртување на лево и пешаци или велосипедисти при свртување на десно. Во листата на стандардна опрема се вбројува „Помошникот за паркирање“ со камера за возење на назад со активна асистенција.  Цената започнува од 43.000 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER