BMW – Рестилизирана серија 3

Додека дојде електричната тројка…

Во редовниот циклус на освежување влезе Серија 3. Компактната лимузина е еден од најпопуларните модели во класата, па BMW се потруди да го приближи во изгледот и опременоста со најновите изведби на куќата. На прв поглед забележливла е новата маска на ладилникот и редизајнираните LED светла кои даваат силен визуелен впечаток. Интервенирано е и на задните светлосни групи па сега двете изведби, лимузината и караванот, изгледаат пософистицирано. Дека апострофот е ставен на динамичноста покажува реструктуираната понуда во која во стандардната спецификација опфаќа долга листа на ставки. Стилскиот динамизам се истакнува со пакетите на опременост M Sport и M Sport Pro, кој е нова ставка на опции,  па сé до зголемувањето на палетата на бои. Интериерот на рестилизираната „тројка“ е типичен за марката. Возачот е во центарот на вниманието и околу него е распослан заоблениот дисплеј. Информацискиот дел до 12,3 инчи е зад управувачот и се спојува со централниот контролен дисплеј од 14,9 инчи. Поради тоа бројот на механички прекинувачи и контроли е сведен на нужен минимум, а повеќето функции може да се манипулираат со говорни команди. Стандардно се вградува осум степениот автоматски менувач кој наместо палка доби дискретен прекинувач. Тој ќе ја пренесува силата на четирите бензински и исто толку дизел мотори со четири и шест цилиндри и спектар од 150 до 374 коњи. И двете каросерии се достапни во моќните  BMW Performance изведби со ултра спортски карактеристики и погон на сите тркала xDrive. Интелигентниот систем е достапен кај два дизела, два бензинци и кај плагин хибрид изданијата. Покрај електрификацијата на која BMW работи забрзано, императив е безбедноста. Веќе од стартното ниво на опременост долга листа на асистенти му помагаат на возачот во неговите задачи. Според проектираните цени во Германија обновената серија 3 ќе чини од 34.490 евра.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER