BMW – Еден век мотоцикли

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Стогодишниците доаѓаат на пролет

Во септември 1923 година на пазарот излезе првиот мотоцикл на BMW R 32

Прославувањето на стогодишнината од првиот произведен мотоцикл на BMW ќе започне следната година со два специјални модели. Ограничени на по 1923 примероци R Nine T и R 18 со наставката „100 години“ ќе бидат знаменосците на јубилејот со кого може да се пофалат мал број производители на мотоцикли. R Nine T „100 Years“ и R 18 „100 Years“ блескаат пред сè со нивните многубројни хромирани детали на различни делови на конструкцијата.

Резервоарот е дизајниран како класична комбинација на црна боја со хром и бела двојна облога надополнети амблемот 100 години. Седиштето е дизајнирано во двобојна црно-црвена комбинација. Изгледот на двата јубилејни модели е надополнет со голем број дополнителни делови од палетата на додатоци Option 719. Стандардната опрема вклучува темпомат, загревани рачки и адаптивни фарови. BMW R Nine T „100 Years“ ќе биде достапен од февруари по основна цена од 21.500 евра, R 18 „100 Years“ ќе следи еден месец подоцна и ќе чини 24.900 евра.

Сподели

Последни новости

Најнова епизода

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.00 ден
  • еуросупер 98 - 82.50 ден
  • еуродизел Д5 - 81.50 ден
  • течен нафтен гас - 50.00 ден
  • метан - 123.50 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER