Бензинот поскапува, дизелот куртули

Вести

Бензинот поскапува, дизелот не

Објавено на 13 септември 2021 година

Регулаторната комисија за енергетика од утре ќе ни сервира бензин по повисока цена – литар еуросупер БС-95 по 73,00, а еуросупер БС-98 по 75,00 денари. До ова поместување на цените на бензинот за цел еден денар дојде со комбинирано дејство на за 4,142% повисоката просечна цена на неговата референтната цена на берзите во изминатиот период и за 0,343% понискиот курс на доларот во однос на денарот. Заради истите причини, но со други проценти, дизелот овој пат куртули и неговата цена остана 63,50 денари заради тоа што неговата референтна цена забележа зголемување од само 0,066%.

Ако сметате дека горивата кај нас се скапи, како потсетување дека во 2013-та во септември бензинот и дизелот кај нас се продаваа за 83,50 и 73 денари за литар.