Бензинот за половина денар поевтин, дизелот за еден денар поскап
Со најновото поскапување, за еден месец цената на дизелот порасна за 9,50 денари
Согласно методологијата за пресметка на малопродажните цени на горивата, регулаторната комисија за енергетика одлучи од полноќ да го купуваме бензинот од 95 октани за 85 денари, оној од 98 октани за 87 денари за литар, а дизелот за 79,50 денари. До вакво горе-долу поместување на цените дојде со комбинација на факторите кои влијаат на определувањето на цените на горивата кај нас – референтната цена на нафтените деривати на светските берзи која кај бензинот забележа намалување за 2,452% а кај дизелот зголемување за 1,731% и вредноста на доларот кој поскапе за 0,512%.


