Кој ќе биде прв од петте електрични модели?
oбјавено на 3 февруари 2022 година
Bentley неодамна ги објави плановите за пет електрични автомобили, а извршниот директор на компанијата Адриан Халмарк сега откри и некои информации за нив. Тој рече дека тестирањата на првото од петте најавени електрични возила ќе започнат оваа година. Според него надворешниот дизајн е 80-85% готов и сега се работи на подобрување на она што веќе е одлучено. Кај внатрешноста дури 95% од работата е завршена и таа ќе биде фокусирана на луксуз. Халмарк не сакаше да каже дали првиот електричен автомобил на марката ќе биде кросовер или лимузина, сугерирајќи само дека сите нивни електрични возила ќе имаат единствен стил кој е попрогресивен од некои моментално присутни на пазарот. Дизајнот нема да биде радикален, но ќе сигнализира почеток на нова ера. Засега останува нејасно колку ќе мора да чекаме да видиме што со тоа сакаше да каже. Можеби нешто како EXP 100 GT концептот на сликата?



