Рачно изработуваниот шест литарски W12 твин-турбо е произведен во над 100.000 примероци и остави длабока трага во автомобилскиот свет.
Последниот Bentley W12 мотор излезе од производствената линија во Crewe, означувајќи го крајот на ерата на 12 цилиндри во брендот.
Легендарниот W12 го отстапи местото на новиот Ultra High Performance Hybrid погонски склоп чија основа е V8 мотор кој дебитираше во новиот Continental GT Speed и наскоро ќе се примени во ажурираниот Flying Spur и остатокот од линијата Bentley со поголема моќност и помалку емисии.
Но да се навратиме на штотуку пензионираниот W12. Тој својата кариера ја започна во 2003-та година во Continental GT каде испорачуваше 560 КС и 650 Nm. Во суштина тој беше синергија на два V6 мотори со тесен агол на поставеност на цилиндрите кои делат заедничко коленесто вратило. Како резултат на тоа, W12 моторот беше 24 проценти пократок од конвенционалниот V12.
Во своето две децениско постоење, моторот забележа зголемување на моќноста за 34 проценти и вртежен момент за 54 проценти, додека ја намали емисијата на CO2 за 25 проценти. Моќноста со текот на годините му порасна дури на 750 КС и 1.000 Nm во лимитираниот Mulliner Batur.
Во периодот на производство Bentley со својот W12 направи многу потфати, меѓу нив два светски рекорди за брзина на мраз. Со Continental GT во 2007 година забележа 319,9 км/ч и 328,7 км/ч со Continental GTC во 2011 година. Во двата рекорди зад воланот беше Јуха Канкунен, шампионот во WRC.
Најважните моменти ги вклучуваат и рекордите на Pikes Peak на Bentayga Speed во 2018 година и Continental GT Speed во 2019 година. Последниот произведен W12 го испратија тимовите за истражување и развој на комеморативен ручек и добија на подарок клип од моторот W12.
Замената на легендата е приклучниот хибрид со основа на V8 мотор, систем што е испорачува 781 КС, 1000 Nm и обезбедува електрична автономија од 90 километри.