Bentley Flying Spur – исполиран и засилен

Bentley го обнови големиот Flying Spur кој заедно со новиот изглед повторно ја доби и спортската S изведба.

Најзабележителна промена е редизајнираниот преден дел инспириран од Continental GT со единечни предни светла придружени со испеглан браник и маска обликувани како една целина.

И задниот дел е прочистен и на него веќе ги нема наборите на багажникот и хромираните рамки околу светлата. Кабината не се значајно измени – впечатокот е подобрен само со неколку суптилни стилски корекции.

Она што се наведува како вистинска вест е лимитираната Virtuoso Collection серија наменета за аудиофилите за која треба да се доплатат 25.000 фунти.

Спортски ориентираните пак ќе го поздрават враќањето на S верзијата со хибриден V8 погон со 680 коњски сили, активно ослонување и електронска блокада на диференцијалот.

Како и досега, на врв на понудата останува Flying Spur Speed со 782 коњи и 1.000 њутн-метри максимален вртежен момент. Производство е планирано да започне во септември а Bentley иако веќе прима нарачки ги задржа цените за себе.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER