Bentley Blower Jnr – Ја донесе божикната елка

Првиот тест е успешно завршен. Малиот Bentley од швјацарските алпи го донесе главниот орнамент за божикната забава

Инспирирана од оригиналниот Blower од 1929-та и изработен од The Little Car Company, репликата нема 4,5 литрен мотор со натполнење. Наместо него Bentley Blower Jnr доби електричен погон од 48 V со мотор од 20 КС, што овозможува  максимална брзина од 72 км/ч и има автономија од околу 110 километри.

За да го тестира пред да започне со производство во текот на идната година, ќе се спроведе програма за издржливост која надминува 8.000 километри низ три различни континенти. Мисијата започна со сезонска задача – собирање елка од снежните пејзажи на Швајцарија, за да донесе божикна елка. Изработен целосно рачно, од автентични материјали за да одговара на оригиналот, Bentley Blower Jnr се состои од над 700 делови.

Bentley Blower Jnr вклучува шасија со автентична спецификација која користи лиснати пружини и намалени амортизери. Сопирачките на Brembo напред и барабаните назад, ја обезбедуваат целата потребна сила за запирање. Електричниот мотор е поставен преку задната оска, додека батериите и погонската електроника се сместени во скриена подлога.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER