Bentley – Најмодерните седишта што може да се добијат во возило

Share on facebook
Share on twitter
Share on linkedin

Седење во облаци

Дека секогаш бара перфекција Bentley докажува со новите седишта предвидени за знаменосецот Bentayga. Тоа се најнапредните седишта што се некогаш поставени во автомобил. Покрај можноста за прилагодување во 22 точки тие се опремени со  систем за автоматско сензорирање на климата па во луксузниот теренец се формира најдоброто можно сместување во светот на тркалата. Откако патникот на задното седиште ќе ја избере саканата температура, автоклиматското седиште ја мониторира температурата на патникот и влажноста на површината на седиштето со точност од 0,1°C на секои 25 милисекунди. Системот потоа може да определи дали да примени топлина, вентилација или и двете истовремено за да го одржи патникот во оптимална топлинска благосостојба. Според Bentley, секој втор купувач на Mulsanne и Bentayga се одлучил за овој тип седиште, чиј систем за прилагодување се адаптира во едвај забележливи чекори на оптималната положба на седење и точките на притисок на патникот. Се користи алгоритам развиен со киропрактичар, а системот може да примени 177 индивидуални промени на притисокот во шест целосно независни зони на притисок во период од три часа за да ја подобри удобноста и да го намали заморот за време на возењето.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER