И BBS оди во стечај

Што се случува со добавувачите на спортска опрема?!

Супер, хипер и другите ултра-автомобили се продаваат како луди, но очигледно корист од тоа немаат добавувачите на специјализирана опрема за нив – после Recaro и познатиот производител на спортски тркала BBS прогласи несолвентност и отвори стечајна постапка. Германската компанија одамна ја мачат финансиски проблеми но досега успеваше да се реорганизира. Раководството се надева дека и сега така ќе биде, но сепак главниот и единствен збор го имаат доверителите на кои можеби им е преку глава постојано да им даваат нови шанси. BBS во моментов има 270 вработени кои со своите  производи не можат да им конкурираат на скапите италијански, уште помалку на евтините кинески производители. Треба да се спомене дека со стечајната  постапка не е опфатена јапонската филијала на BBS која е специјализирана за тркала за тркачки возила, меѓу другите и за формула 1.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER