Aznom L’Epoque – Специјално за господинот Буч

 

Просто е неверојатно како луѓето паѓаат на шлакнати работи, како што е ова осум метарско чудовиште од автомобил потпишано од компанијата Aznom Automotive од Монца.

Кога ги видовме фотките и спецификациите на L’Epoque, веднаш се вративме во нашето детство, кога цртаните филмови со Том и Џери беа хит.

Имаше една епизода кога кутриот Том се натпреваруваше за мачката убавица со ултра богатиот господин Буч, чија лимузина беше долга како брод!

Најверојатно и творците на L’Epoque беа инспирирани со мисла на ултра богатите кои по секоја цена сакаат да бидат поинакви од останатите.

Aznom L’Epoque е настанат како помпезен спој на елеганцијата од минатото и футуристичките технологии.

Тој  располага со невиден и тешко замислив раскош за шесте патника за колку има место во внатрешноста.

Донаторот на механиката не е познат – наведено е дека го задвижуваат четири електромотори со илјада коњски сили спарени со V6 агрегат за продолжување на автономијата.

Од компанијата велат дека на специјално барање се подготвени да направат некој примерок, веројатно со повеќемилионска цена.

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER