Автомобилскиот пазар во Албанија

Сте се запрашале ли како ќе изгледа европскиот автомобилски пазар да нема никакви бариери за кинеските возила?

Европа на секој може начин се брани од напливот кинески автомобили – покрај царините и со хомологациските мерки, еколошките норми и со разни административни ограничувања. Да ги нема тие, сликата на европскиот автомобилски пазар ќе биде сосема поинаква. Доказ е Албанија каде прописите кога е во прашање увозот и продажбата на автомобилите се доста лабави – таму буквално може да се регистрира дури и вселенски брод. Така и покрај традиционалната наклонетост на купувачите кон германските марки, доста убедливо владеат Кинезите.

Посебно BYD, чие пазарно учество кој од почетокот на годинава на месечно ниво се движи од 45 па до 62 отсто. Поинаку кажано, секој втор нов автомобил е BYD. Присутни се возилата и од други кинески марки – Xiaomi, Leapmotor, Li Auto, Geely, Zeekr, Avatr, па дури и моделите на Volkswagen наменети за кинескиот пазар. Клучната причина е цената – некогаш и двојно пониска отколку во другите европски земји. Сепак треба да се знае дека тие возила се направени според кинеските а не европските стандарди, што значи дека имаат ограничени софтверски функции и послаби перформанси посебно во брзината на полнење на батериите. Но секој ќе замиже на тоа кога ќе слушне дека на пример еден Volkswagen ID.7 може да се купи за околу 23.000 евра. Или пак BYD Yuan Up познат уште и како Atto 2 за 14.000 евра па дури и за помалку. На ниските цени влијае и конкуренцијата – доста често возилата се увезуваат надвор од официјалните канали. Пазарот во Албанија не е голем – околу 8.000 возила годишно, но 80 отсто од нив се електрични или хибридни.

 

Сподели

Последни новости

Актуелни цени на горивата

  • еуросупер 95 - 80.50 ден
  • еуросупер 98 - 83.00 ден
  • еуродизел Д5 - 69.00 ден
  • течен нафтен гас - 48.00 ден
  • метан - 69.00 ден

Сакате да добивате известувања?

Зачлени се на нашиот NEWSLETTER