Улична изложба за пасионираните
Втор пат се одржува собиранката во организација на Авто Плус
објавено 17. октомври 2021
Вчера и денеска се одржува втората улична изложба во организација на Авто Плус. Локација на настанот е на големиот паркинг пред СРЦ Борис Трајковски. Кога нема саем на возила, тогаш и паркинг е доволен за вистинските љубители на возилата. Годинава на настанот се присутни 22 изложувачи со над 40 брендови кои се достапни на македонскиот пазар. Денеска отворањето е во 10 часот а капиите ќе се затворат во 20 часот. Еве предлог како да се помине на воздух и во друштво на возила.





